ТРГОВСКИ РЕГИСТАР

На ова поле можеме да Ви понудиме правна помош, изработка на документи и електронско и хартиено поднесување за упис во трговскиот регистар и регистрација од Регистрационен агент доколку :

  1. Ви е потребно да основате – регистрирате трговско друштво (фирма), да основате здружение на граѓани, фондација, приватна здравствена установа (аптека, стоматолошка пракса, општа пракса), куќен совет, претставништво, подружница;
  2. Да направите промена на претседател, содружници, да смените адреса на компанијата, зголемување или намалување на основната главнина, спојување на две компании, раздвојување на една компанија на повеќе, присоединување на компании, или било каква промена која мора да биде упишана во трговскиот регистар;
  3. Вадење документи: тековна состојба, потврда дали има отворено стечајна или ликвидациона постапка, потврда дали има забрана за вршење дејност, потврда дали одреден предмет или недвижност е заложена, документи кои се пропратни прилози за тендерската документација;
  4. Имате фирма со која повеќе не сакате да работите – во тој случај може да Ви помогнеме за продажба, пренесување или отстапување на бизнисот (доколку сте имале позитивни финансиски резултати и имате основни средства), или да ја затворите фирмата доколку немате долгови со ликвидација, а доколку сте оствариле негативни финансиски резултати и сметките ви се блокирани, да започнете постапка за стечај.