УПРАВНИ ПОСТАПКИ

  1. Ви треба помош за упис на промена на имотно право или вадење имотен лист или уверение за имотот од Агенција за катастар на недвижности? Потребни ви се потврди од Централниот регистар на РМ? Ви треба  уверение за платени даноци и придонеси од Управата за јавни приходи? Ние можеме овие услуги да Ви ги извршиме електронски и хартиено, зависно од Вашите потреби. Поднесуваме барања и подигаме уверенија во сите видови управни процедури, со овластување од Ваша страна.
  2. Обезбедуваме поднесување барање за непосредна спогодба за отуѓување на земјиште во државна сопственост по електронски пат.
  3. Комплетирање на барања за легализации и приватизации, откуп на земјиште во државна сопственост.

УПРАВЕН СПОР

Поднесување тужба и водење на управен спор пред Управен суд, во случај кога граѓанинот не е задоволен со Решението донесено во управна постапка во прв степен.