РАБОТА

РАБОТОДАВАЧ, ИЛИ РАБОТНИК?

 

ЗА РАБОТОДАВАЧИ

Доколку сте работодавач, можеме да Ви понудиме услуги на изработка интерни акти, правилници и одлуки, како и запознавање со Вашите права за тоа што им следува на вашите вработени, кои ХТП услови треба да ги исполнувате, безбедноста и здравјето при работа, кои документи морате да ги имате и да ги чувате за во случај на контрола од инспекции…

Доколку Ви е потребна помош во пријава и одјава на вработени според мерките за ослободување од плаќање на придонеси за одредени категории на вработени, изработката и доставувањето на документацијата го вршиме ние.

Во зависност од тоа каква дејност извршувате, ќе Ви биде потребна континуирана услуга од областа на правните правила и прописи што го уредуваат Вашето поле на работење.

 

ВРАБОТЕНИ СТЕ, И ИМАТЕ ПРАШАЊЕ ИЛИ ПРОБЛЕМ?

Доколку сметате дека работите преголем број часови, заслужувате подобри услови, не Ви се исплаќаат додатоци за прекувремена работа, работа на празник, ноќна работа, ве отпуштиле за време на бременост, Ве распоредиле на пониско работно место и Ви ја намалиле платата, не сте добиле паричен регрес за одмор, Ве отпуштиле без никаква најава, не сте добиле доволно денови одмор, за сите овие проблеми и прашања поврзани со работата може да се обратите до нас.