
ДОГОВОРИ – Состав на сите видови договори, консултации во врска со договорни клаузули, потврдување со печат од адвокат; (Купопродажба, подарок, цесија, заем, закуп, градење, договори со извршни клаузули, договори за дело, Договор за доживотна издршка*); Во случај на спор, вршиме поднесување на тужби за неисполнување на договори и постоење на долг, како и застапување во парнична постапка.
ПОДЕЛБА НА ИМОТ СТЕКНАТ ВО БРАК – застапување, тужби, подвижен, недвижен имот.
НАСЛЕДУВАЊЕ – Тестамент, наследство, договори за распределба на имот, договор за доживотна издршка, поведување оставинска постапка, решавање на наследство со закон, спорови и наследни проблеми, застапување пред нотар и судовите. Започнување на оставинска постапка и застапување, законско наследување, тестаментално наследување, и наследување со договор за доживотна издршка;
РЕШЕНИЕ ЗА ДОЗВОЛА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ ВРЗ ОСНОВА НА ВЕРОДОСТОЈНА ИСПРАВА – доколку имате ненаплатени фактури, кои не се постари од 3 години, за истите се започнува и води постапка пред нотар, по која, по донесување на правосилно и извршно решение, може веднаш да се пристапи кон присилно извршување од средствата на должникот.
ШТЕТИ – Сте се повредиле при работата, или при возење автомобил, дома ви избила поплава, се расипала електричната инсталација… Посредуваме и помагаме во постигнување задоволителна Спогодба со осигурителните компании, а во случај да не сте задоволни од понудениот износ, а имате реална основа за да добиете повеќе, ќе Ве застапуваме и во постапката пред суд.