|
Со овој Закон комплетно се менува стариот закон за заштита на потрошувачи при договори за потрошувачки креди, друштвото кое ќе издава кредити ќе се нарекува кредитор, максималниот износ за давање кредити од 20000 евра е зголемен на 75000 евра, па сепак ќе постојат како посебни правни лица - кредиторите кои ќе даваат финансиски услуги над кои надзор и контрола ќе врши Министерството за економија. Дали ова претставува колизија со Законот за финансиски друштва, кој точно определува за вршење на кои финансиски услуги треба да се основа финансиско друштво, ќе покаже праксата. Додека ЗФ предвидува вршење лизинг, ЗЗПППК предвидува дека е дозволено вршење и лизинг од кредиторите, но со обврска да постои договор и за купување на стварта по истек на периодот на лизингот. Законот започнува да важи од 01.октомври.2011 година.
Донесен е Закон за финансиски друштва
|
|
Со новиот Закон кој ќе важи од 01 Јануари 2011 година, сите
небанкарски финансиски институции ќе имаат обврска да се регистрираат за
вршење на оваа дејност со поднесување Барање до Министерството за
финансии, под услов основната главнина да не изнесува помалку од
6.000.000 денари.
Друштвата кои се веќе регистрирани и досега својата дејност ја
вршеле во рамки на овластувањата дадени од Министерството за економија,
во рок од 4 месеци мораат да поднесат барање до МФ, а најдоцна за 6
месеци и да го завршат процесот на трансформација во финансиски друштва. |
|
Донесен е закон за давање финансиски услуги на далечина
|
Паралелно со измените кои ќе важат за
финансиските друштва, се донесува и Закон со кој ќе може овие друштва
своите услуги да ги понудат по електронски пат или по пат на било кое
средство за телекомуникација до крајните корисници, односно
потрошувачите. Со ова се доближуваме чекор поблизу до Европската правна
регулатива. Овој закон постои и функционира во Бугарија, Словенија,
Чешка , Словачка, Германија, Австрија и уште некои европски земји, кои
веќе измислиле неколку нови бизниси и услуги кои ќе ги нудат на пазарот и
кои се интересни за широката маса потрошувачи.
|
| |
|
|
|
| |
|